Се одделуваат белките од жолчките. Се матат белките, а посебно се матат жолчките со шеќерот. Се додава брашното, пецивото, па се додаваат изматените белки. Се промешува со шпатула да се изедначи смесата.
Се истура во голем плех обложен со хартија за печење, и се пече 10-15 минути на 220 степени. Кога е печено тестото се превртува на влажна крпа и се замотува. Кога ќе се подизлади се премачкува со мармалад, и се витка во ролат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови