Брзи тост ролнички
Еве еден мој предлог за брза и лесна подготовка на свежа ужинка за на плажа, со состојки кои нема да се топат или истекуваат од топлината.
1. Крставицата се мие убаво, се брише, се сечи на ленти долги колку парчињата тост леб. Јас сечев ленти со ноже за лупење компири.
2. Морковот (свеж) се сечи на тенки четвртасти стапчиња исто долги колку тост лебот. Еве ви еден начин да натерате деца што не сакаат да јадат свеж морков.
3. Секоја кришка тост леб се развлекува со сукало од сите страни за да стане поеластична за виткање ролна. Се става кашкавалот, крставицата и морковот, внимателно се витка ролна, се ставаат 2 чечкалици за да не се отвори ролната
и се сече на половина.
Свежите тост ролнички се ставаат во сад за носење, а доколку имате варена пченка, дополнително ќе ја збогатите оваа ужинка (а некому цел оброк), бидејќи сите намирници добро се сложуваат.
Овие ролнички се згодни и за на излет или на базен, а состојките нормално може да си прилагодите и со нешто друго по ваш вкус.
Лиценца: Сите права се задржани