Од оваа количина на состојки, излегуваат околу 25 парчиња.
Ги полнев во најмалите корпички за суво благо.
Оваа смеса ја имам искористено и за блакцата кои се прават во силиконски калапи.
Вкусот според мене е одличен.
Доминира кокос аромата, а дополнително убав вкус им даваат и јаткастите плодови.
Ја ставив мешавина од бадем, лешник, печени кикирики и орев.
Сите тие ги сомлев на не многу мали парчиња.
Гоџи бобонките ги преполовив да бидат во помали парченца.
( ги употребив суви )
Чоколадата ја растопив на пареа и додадов кокос масло.
Ги помешав сувите состојки и додадов арома.
Уште топли ги наполнив корпиците и ги оставив да се стегнат.
Декорирав едноставно со парченце бисер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови