Тортата ја направив по повод роденденот на мојот син, бев на кнап со време и буквално ја направив за половина час. Благодарение на натпреварот со Винчини, научив дека има и поедноставни начини да се направат вкусни десерти и торти без многу мака. Ова е една од највкусните чоколадни торти кои сум ги направила, а тие што ја пробаа беа воодушевени. Совршена торта особено за во лето кога не сакаме да уклучиме рерна и не мрзи да вклучиме миксер.

Подготовка

Се вари кратко слатката павлака со чоколадото и какао кремот додека не се растопат убаво. Се меша до изедначување. Веднаш се става во замрзнувач да се олади и стврдни зашто ќе биде течен.

Додека чекате, можете да си го направите шлагот за декорирање.

Загрејте го млекото со 1 лажица инстант чоколадо, нека биде жешко.

Откако ќе се олади филот, се зема една кора, се попрскува со половина од млекото и се нанесува од филот. Се повторува постапката и со втората кора, а на третата не се става млеко. Со преостанатиот фил се премачкува целата торта.

Се декорира со шлагот и ако сакате да ја послужите за брзо, ставете ја во длабокото замрзнување околу 1 час за побрзо да се стегне.

Инаку тортата наредниот ден е уште повкусна и се топи в уста. Најинтересното е што никој не ни претпостави дека е правена со готови кори и дека филот е толку едноставен, нема маргарини, жолчки, матење итн.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови