Кога треба да се направи торта, а не ви се печат теста и мијат садови, јас често знам да ја спремам на забушантски начин, па си реков можеби некому ќе се најди идејата и во некои слични услови ќе ја примени, па затоа решив да ја споделам овде.

Првите две работи се посекако веќе готови купени, останува само да се приготви ванила кремот.

Во дел од млекото се раствораат прашоците за пудинг, а останатото со шеќерот се загрева до пред вриење, кога се додава растворениот прашок и се вари пудинг.

Се тргна од рингла и се додава маргаринот, па интензивно се меша додека не се добие кремаста и мазна структура. Се остава покриен со целофан убаво да излади.

На страна се мати шлагот со млекото и на крај се додава киселата павлака. Се мати да се соедини и потоа се додава во оладениот пудинг.

Филовање на тортата- кора, овошен фил, ванила фил...
Се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани