Брза интегрална пита-пица со зеленчук и семиња (посно)
Пита-пица ја нареков бидејќи целта беше да биде
нешто како пита, а испадна вкусна како богата пица.
Во киселата водата ги ставаме солта, зејтинот и пецивото. Мешаме да се растопи солта,
се додава постепено брашното, овесните трици и палентата. Треба да добиеме смеса
нешто погусто од смесата за тостерки. Па затоа ако има потреба може малку да се
додаде кисела вода да не биде многу густа смесата. Откако ќе добиеме убава хомогена
смеса, во смесата со брашно ги додаваме и предходно ситно насечкани тиквичката,
пиперката и лукот. Оваа смеса ја истураме во плех предходно подмачкан со маргарин.
Врз смесата за пита-пица ги редиме маслинките насечкани на тркалца и посипуваме со
микс од 4 семиња од Натура. Печеме 25 минути на 200 степени.
Топло Ви ја препорачувам оваа здрава пита-пица, која брзо и лесно се прави, изненадува
со својот убав вкус во деновите на постење