Брза воздушеста гибаница (од готови кори)
Брза, превкусна, воздушеста гибаница, која се спрема многу лесно. Карактеристично за оваа гибаница е тоа што се лади превртена наопаку, за да ја задржи фината шупликавост и висината која ја добива при самото печење.
Подготовка -
1. Ја уклучуваме рерната да се загрее на 200 степени. Во длабок сад ги ставаме урдата и киселото млеко, промешуваме. Ги додаваме брашното, солта и содата, пак промешуваме. На крај, ги додаваме јајцата (претходно ги матиме со рачна маталка) и маслото. Добро соединуваме.
2. Корите прво ги раздвојуваме една од друга, се со цел да не се имаат залепено неколку од нив. Ги редиме една врз друга, пак ги замотуваме во ролат, па ги сечеме на парчиња, со ширина од околу 3 цм. Секое парче го разлистуваме.
3. Во садот со филот додаваме од лентите во неколку наврати, и притоа мешаме после секое додавање од корите, се со цел убаво да навлезе насекаде од филот. Оваа смеса ја ставаме во округло емајлирано тавче број 24 (никако тефлонско, ватростално или било какво нелепливо тавче) кое не се премачкува со ништо, бидејќи во спротивно после печењето при превртувањето може да се случи гибаницата да падне. Одозгора ставаме сусам, и печеме во загреана рерна на 200 степени до заруменување (јас печев 50 минути).
4. Во меѓувреме, на работната маса спремаме 4 шољи, кои ќе ни послужат за превртување на гибаницата и ослонување на ивиците на тавчето во кое ја печеме гибаницата. Штом ќе биде испечена гибаницата, веднаш ја превртуваме наопаку врз шољите. Така ја оставаме да се олади (околу 20-25 минути). На овој начин, гибаницата си ја задржува висината и шупликавоста која ја има постигнато при печењето. После тоа, може да се сече на парчиња. Послужуваме со јогурт, кисело млеко, павлака.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Ima tuka i nejzin recept, Se vika Naopacka gibanica
Inaku gibanica sakam
И ние истотака обожаваме гибаница, па затоа често си ја правам :) и на многумина им ја имам препорачано, презадоволни се.