Бразилска чоколадна торта (посно)
Прво го подготвуваме пандишпанот.
Во еден сад ги мешаме сите суви состојки и ги додаваме зејтинот и киселата вода. Мешаме со дрвена лажица и го сипуваме на пек-хартија во голем плех од шпорет. Пандишпанот се пече на 180-200 степени околу 20 минути. Со чепкалка се проверува дали е доволно печена. Кога е печена се остава да олади.
Во мегувреме се прави гријажот.
Се топи шеќерот и кога ќе почне да карамелизира се додаваат сечените лешници. Се меша и се сипува врз пек-хартија да олади. Кога е оладен гријажот, се сече на помали парчиња.
За филот потребно е прво да се стави 700 милитри вода со 100 грама шеќер да врие. На страна се мешаат 3 пудинга од ванила со 50 грама шеќер и 50 милитри вода. Ова се додава во зовриената вода и се меша додека се згусне. Кога е готов пудингот, се сипува во друг сад и се додаваат 200 грама чоколада за готвење(посна), искршена на помали парчиња. Се меша за да се стопи чоколадата и се остава да се олади. Повремено се меша за да не фати кора.
Посебно се мати со миксер 200 грама маргарин за да се добие пенаста смеса. Кога е матен маргаринот, се додава 1 лажица рум и пак се мати. Маргаринот лажица по лажица се додава кон оладениот пудинг. Кон овој фил се додава и сечениот гријаж.
Се мати слатката павлака во цврст крем.
Кората ја полеваме насекаде со растопено 1 лажица инстант кафе и 1 лажица шеќер во 100 милитри вода.
Јас ја исеков кората колку што ми беше основата на послужавникот во којшто ја филував тортата. Остатокот од кората го исеков на помали коцки.
Најдолу ја ставаме кората. Врз неа го ставаме половина од филот, насекаде ги редиме малите коцки од исечената кора. Го ставаме остатокот од филот. Одозгора ја нанесуваме 2/3 од изматената слатка павлака. Со остатокот од слатката павлака ја украсуваме тортата.
Оваа торта е прикладна кога во посни денови имате роденден на најважните луге во Вашиот живот и кога сакате да прославите со убав десерт, а сепак посен.