Бомбици со јаболка и штангли со кокос и лешници
Најпрво ќе ја напишам постапката за бомбиците, за кои верувам дека сите ги имаме барем еднаш направено.
Најпрво ги лупиме јаболката ги рендаме и ги ставаме во сад на тивок оган да се пржат полека и го додаваме и шеќерот.
Ги пржиме се додека не испари течноста и не добиеме убава златна боја.
Ги тргаме настрана и ги додаваме бисквитите и оревите и убаво промешуваме.
Ја оставаме смеата да се излади и потоа правиме бомбици. Ги валкаме по желба, можи во кокос, мелени ореви или во обичен шеќер.
За штанглите најпрво го биеме маргаринот и го додаваме кокосот, го тргаме на страна.
Во друг сад ги зовриваме водата и шеќерот и кога ќе се стопи ги додаваме бисквитите и лешниците (кои сме ги потпекле)
Мешаме убаво и во калап обложен со фолија ја ставаме прво смесата со бисквити, над неа сместа со кокос и најгоре филоваме со топеното чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови