Подготовка

Во сад на тивок оган ставете ги водата, путерот, шеќерот да зовријат, а потоа додадете ги какаото, чоколадото и енергично мешајте со лажица да добиете густа, еднолична смеса.

Добиената смеса оставете ја да се излади околу 10 минути.

Во смесата додадете потпечен сусам, мелени бисквити и сецкани кикиритки и на крај таанот. Промешајте убаво и формирајте бомбици

Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани