Бомбици со орев и крем
Еве еден лесен и брз рецепт за бомбици со вкус на орев кој нема да ви одзема многу време, а вкусот и е неодолив. Верувајте дека нема да згрешите ако ги пробате.
Подготовка
1. Во тава на среден оган ставете го маргаринот да се растопи.
2. Млекото ставете го во еден сад, па и него ставете го на оган малку да се смлачи.
3. Мелениот бисквит промешајте го со оревите па додајте го еурокремот, растопениот маргарин и млакото млеко.
4. Од состојките формирајте тесто, па со рака земајте по малку од смесата ( големина од орев) и формирајте топчиња (бомбици).
5. На крај бомбиците извалуткајте ги во мелен бисквит или мелен орев. Добар Апетит.
Забелешка
Во овој рецепт за бомбици не се става шеќер бидејќи еурокремот ја дава потребната блажина.
Лиценца: Сите права се задржани