
31
окт
2015
Бомбици со наполитанки и тиква
Наполитанките се раздробуваат на мали парченца, бисквитите се мелат и се додаваат на наполитанките, белото чоколадо се ренда на ситно, а оревите се сечкаат или се мелат и заедно со чоколадото. Се додаваат на наполитанките, потоа во садот се додава пирето од тиква циметот и путерот. Ако е потребно се додаваат уште малку бисквити или наполитанки.
Од смесата се прават бомбици, кои што се притискаат во средината и се полнат со смеса по ваш избор јас им ставив сечкани ореви и суво грозје во солен карамел. Вие може да ставите бело чолокадо или нешто друго по ваш избор.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови