Бомбици со локум од Дониа (посно)
Малку состојки ама толку вкусови и слатки бомбици ... што да кажам.
- Лешниците (јас имав сурови), ги потпекуваме во тавче, ги ладиме и со протривање им ги отстрануваме лушпите онолку колку што може. Потоа ги сечкаме во сечко, ги ставаме во подлабок сад.
- Сувите урми ги сечкаме на поситно, ги ставаме во садот.
- Сувото грозје го сечкаме ситно или го блендираме во сечко.
- Потоа со локумот замесуваме се заедно, но ќе ни треба малку повеќе сила додека да се замеси сето убаво. Се формираат бомбици со средна големина, јас направив 22 бомбици.
Забелешка
Локумов на Дониа со својот освежително лимонест вкус им даде прекрасен шмек на бомбиците,
Наместо лешници може да ставите ореви.
Бидејќи бомбиците ми беа лични вака, не ги извалкав во мелен лешник или орев, тоа нека биде по избор.
Екстра посни слатки, енергетски бомби, супер и за имендени.