31
окт
2019
Бомбици со кола пијалок
Уфффф се топат во устата...мммм Во касерола на оган ги ставме путерот, чоколадото, шеќерот и пепси колата. Оставаме на тивко да се соединат, а потоа да провријаат сите состојки заедно од 2-4 минути на умерен оган. Тргаме од оган смесата малку да подизлади па додаваме мелени лешници, ореви бисквити, Соединуваме и оставаме во фрижидер малку да се стегни смесата. Сами утврдете колку се потребни бисквити, се зависи од кој вид ќе користите. Но нека не биде претврда смесата. Потоа со раце формираме бомбици, ги валкаме во растопено чоколадо и декорираме со чоко украси- топчиња.