Преубави бомбици!!!

Подготовка.
Смелете ги бисквитите.
Оревите подпечете ги на 120степени половина час, оставете ги да се изладат, па тогаш сомелете ги може и покрупно.
Во сад за мешање ставете ги бисквитите и мелените ореви додадете го кремот.
Мешајте додека состојките не се соединат. Смесата ставете ја во ладилник околу два часа.
Кога смесата ќе се стегне формирајте бомбици и вака формирани повторно ставете ги во фрижидер половина час.
Во меѓувреме на пареа растопете ја чоколадата...
Секоја бомбица натопете ја во чоколада и обложете ги на хартија за печење додека чоколадата се стегне.
Уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани