Бисквит торта со банани и кокос
Уште една торта во низата едноставни, брзи и вкусни торти со бисквити.
1. Пудинзите ги мешаме со 3 лажици шеќер, ставаме околу 100 мл. од млекото, а останатото млеко и другите 3 лажици шеќер ги загреваме и вариме пудинг, ставаме најлонска фолија, го оставаме пудингот да се излади скроз.
2. Шеќерот во прав го матиме со маргаринот/путерот, а потоа го матиме со изладениот пудинг до мазна смеса.
3. Ги додаваме кршените бисквити, сечканите ореви, кокосот и брусницата, мешаме се`заедно убаво.
4. Во чинија каде ќе стои тортата ставаме обрач за торта 24 см., на дното посипуваме кокос и ја распоредуваме смесата.
Оставаме да отстои во фрижидер неколку часа.
5. Го вадиме обрачот, полеваме со чоколадото кое претходно го стопивме со маслото, посипуваме кокос, или декорираме по сопствен избор.
Може тортата да ја направите во калап за ролат или пак некоја друга форма.
(507)
Лиценца: Сите права се задржани