Бегова чорба
Подготовка:
1. На растопен путер додајте ги копаните со поткопаните да се запржат. Откако ќе поруменат од двете страни, додајте два моркова и главица кромид во садот каде пржевте. Додајте и лук и целер, па полијте со вода. Оставете да се вари.
2. Кога е варено, исецкајте го и зеленчукот и месото. Месото исчистете го од кожата и коските. Целерот,лукот и кромидот испасирајте ги и додајте ги во истата чорба. Морковот може да биде сецкан на помали коцкички. Исецкајте го магдоносот и додајте го. Зачинете со сол и црн бибер.
3. По желба можете да ставите и како запршка од 1 лажица брашно, 1 лажица павлака и 1 јајце. Изматете го тоа со малку вода од чорбата и додајте во садот. Нека поврие, па служете.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови