12
авг
2014
Бајадера со ресани и наполитанки
Овој вкусен десерт се подготвува многу брзо и лесно.
1. Загрејте го млекото, додадете 3 лажици шеќер и маргарин. Мешајте додека се растопи маргаринот.
2. Во длабок сад ставете ги ресаните, наполитанките, оревите и бисквитите и прелијте ги со топлото млеко. Измешајте.
3. Стопете го темното чоколадо и додадете го во смесата.
4. Смесата ја ставаме во калап и ја преливаме со стопено бело чоколадо, по желба посипуваме мрвици или светки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови