Бафало пица со пилешко
Според мене, ова е една од највкусните и најсочните пици кои некогаш сум ги пробала, а сум пробала многу. Ако ништо друго, американците се прва лига за пици и филови за пица. Оваа бафало чикен пица е мнооогу вкусна. Кога ми се јаде пица, а сакам да ми биде и како замена за солиден ручек, секогаш ја правам оваа.
Јас лично, не ставам горгонзола, иако традиционално се става, но вие ако сакате може да ставите.
Прво, направете си тесто за пица. Сите си имаат свој рецепт, па затоа не би да гњавам со тестото. А, може и да си купите готово тесто.
Потоа, на тавче со малку масло ставете ги парчињата стек да се запржат. Зачинете ги со сол и бибер, по вкус. Пржете додека да поруменат. Кога ќе бидат готови, исклучете ги од оган и додадете ги кечапот, чили или скара сосот (што ќе си одберете, тоа), убаво измешајте и оставете да се олади.
Тестото за пица развлечете го и ставете ги филот врз пицата. Од горе ставете горгонзола или кашкавал, како што ставам јас.
Ставете да се пече во загреана рерна на силен оган, додека да поруменат краевите од пицата.
Пред да сервирате, оставете малку да се подолади.
Пс. Слободно додадете или одземете состојки во зависност од тоа колку сакате да ви биде полна пицата. Јас за двајца ставам едно стекче, затоа и така ги напишав состојките.
Лиценца: Сите права се задржани