10
јун
2020
Банана леб
Ова не е класичен банана леб кој на повеќето им е познат. Барајќи негова замена во здрава варијанта по неколку обиди и комбинации испадна овој мој банана леб, кој го правам многу често . Ова е мојата здрава варијанта на банана леб
1. Овесните снегулки ги блендираме колку што може најситно, да дојдат како брашно.
2. Во длабок сад ги ставаме бананите ги пасираме со виљушка. Го додаваме циметот и кокосовото масло, промешуваме. ги додаваме јајцата, мешаме да добиеме хомогена смеса.
3. Во смесата ги додаваме овесните снегулки,кокосот, пецивото, брусницата и сецканите урми. Промешуваме. Смесата ја ставаме во правоаголен калап обложен со хартија за печење. Печиме на 180 степени 25-30 минути
Лиценца: Сите права се задржани