Баклава со вишни
За сите оние кои го сакаат киселкастиот вкус на вишната и крцкаво тесто ви предлагам да го направите овој совршен рецепт.
Најпрво се подготвува премазот. Се матат јајцата и шеќерот и се додава маслото,павлаката и прашокот за пециво.
На премачкано тавче се редат корите и секоја кора се премачкува со премазот и се става по неколку вишни распрскани. Последните две кори се премачкуваат само со масло за готвење.
Се подготвува шербетот така што во сад ставате да се вари 3 шолчиња од 200гр вода со 3 шолчиња од 200гр шеќер и 1 ванилин шеќер и се остава додека да зоврие.
Се пече на 200 степени 25 минути.
Од како ќе се испече се остава да излади и се попарува со шербетот.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани