Ачми
1. Во длабок сад се ставаат брашното, солта, шеќерот и квасецот. Промешуваме со лажица. Ги додаваме јајцето, маслото, водата и млекото. Замесуваме тесто. Во тестото додаваме половина од путерот и го месиме тестото.
2. Го оставаме тестото да нарасни 1 час.
3. Тестото го делиме на 6 еднакви дела. Секој дел го расукуваме на набрашнета површина во овална форма. Преостанатиот путер го делиме на 6 дела. Премачкуваме врз тестото со путер. Со нож правиме надолжни засеци оставајќи на краевите по 1 цм. Тестото го роламе од долниот крај нагоре и во косо. Краевите ги спојуваме во форма на ѓеврек. Истата постапка ја повторуваме со преостанатите делови тесто.
4. Ачмите ги редиме на плех обложен со хартија за печење. Ги оставаме да нарастан 20тина минути. Ги премачкуваме со разматена жолчка , наросуваме со сусам. Печиме во загреана рерна на 180 – 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани