Англиски десет со јагоди (Етон месс)
Едноставен и вкусен летен десерт со три состојки, јагоди пуслици и шлаг...
Инаку пуслиците ги подготвив од вечерта и утредента направив брзински десерт кој ги воодушевив сите кои го пробаа.
На страницата има повеќе рецепти за пуслици м
топло ви ги препорачувам.
Слатката павлака изметете ја во шлаг.
Јаготките исечете ги на пола, ако се големи на четвртинки а ако се мали оставете ги цели со лажица шеќер оставете ги на ладно околу половина час да пуштат малу сок, и притиснете ги малку.
Пуслиците поделете ги на пола.
Во поголем сад измешајте се но не многу мешање, само со лажицата горе долу, ставете во чаша и декорирајте.
Послужете веднаш
Забелешка
За ваквите десерти користам средно мелен шеќер, ни крупен ни прав, го блендирам само неколку вртежи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови