Уште еден прекрасен рецепт од француската кујна.
Се лупат чешлињата лук и се засекуваат сосема малку колку да пуштат повеќе вкус подоцна. Се стават во помал сад и се потопуваат со една лажица од маслиновото масло.
Се загрева фурната на 240 степени.
Се сипува остатокот од маслиновото масло во сад за печење. Се става месото и се превртува од сите страни да е намрсено. Потоа се премачкува со путерот, посолува со сол и бибер. Се става во фурна и се пече 5 до 10 минути со вртење за да се запече од сите страни.
Потоа се намалува температуратс на 160 степени, се редат чешлињата лук околу месото и се остава да се пече околу еден час.
10 минути пред да се извади се наросува со ливчињата од чубриката и се става врз него 3- 4 супени лажици врела вода.
Се вади од фурна и се прекрива со лист од алуминска фолија и се остава да одмори 5 минути.
Се вадат чешлињата лук и се нагмечуват со преса од лук за да се собере сокот од нив. Заедно со кремот се загреват во помало тенџерче се додека не добие густина сосот.
Се сече месото на потенки парчиња и се реди во тањир и одозгора се прелива со сосот. Се сервират со зеленчук по желба. Јас ги сервирав со ежиња од компири за кои ке напишам оделно рецепт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови