Ако сте љубител на ражничиња ,можете да го пробате овој рецепт.
1. Месото го сечеме на коцки, му додаваме сол, црн бибер и зачин за скара. Го оставаме малку да одстои вака посолено.
2. Печурките ги миеме и во зависност од големината ги сечеме на половина. Парчињата печурки треба да се исти по големина на парчињата месо.
3. Главиците кромид исто ги сечеме на парчиња, ама може и на помали парчиња бидејќи кромидот го додаваме за сочност на месото.
4. Сега редиме на стапчињата месо, печурки, кромид. Од овие количини направив 8 ражничиња.
5. Ако можете испечете ги на скара, а ако не сте во можност наредете ги на хартија за печење, попрскајте со зејтин и печете ги на 200 степени околу 20 минути. Во текот на печењето треба да се вртат и на двете страни. Моите овојпат се приготвени во рерна, не на скара.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови