Видео рецепт: Свинско Строганоф со помфрит
Строганоф е изворно Руски рецепт, но постојат бројни негови верзии. Ова е едноставен класичен рецепт со свинско, кисела павлака и лимонов сок кој ни дава префинета комбинација на вкусови. И секако, го сервираме со помфрит!
Состојки
- 500 грама свинско месо
- 2 лажички црвен пипер
- 1 голема главица бел кромид
- 200 грама шампињони
- 300 милилитри кисела павлака
- сок од половина лимон
- една рака листови магдонос
- путер
- оригано
- сол и бибер
- маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Тава за пржење.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сецкање: Исечкајте го кромидот на тенки крукчиња. Исто и печурките.
Чекор 2: Стопете поголема количина путер во тавата и полека пржете го кромидот. Потоа додадете го ориганото, црвениот пипер и печурките. Зачинете ги состојките и полека пржете ги во тавата за да омекнат. А потоа извадете ги од тавата.
Чекор 3: Исечкајте го свинското на мали парчиња. Во истата тава ставете малку маслиново масло и набрзина пропржете го месото. Изберете свежо, поквалитетно месо. Кога месото ќе се потпржи, за во него да се задржат соковите, ставете ја павлаката и лимоновиот сок. Потоа ставете ја смесата од кромид и печурки, промешајте и оставете да се крчка неколку минути. И спремни сме за сервирање.
Чекор 4: Класичен начин на сервирање за ова јадење е со помфрит и исечкан магдонос како гарнир. Но, може да се сервира и со ориз или тестенини.
СОВЕТ: Говедско и Свинско Строганоф се најчестите верзии на овој рецепт, но слободно можете да направите и вегетаријанска варијанта со моркови, пиперки и тиквички како замена за месото.
rec super e:)
На здравје нека ви е!