Производи
Керамичката облога претставува посебна иновација во полето на изработка на кујнски садови во последните неколку години.
Разликата меѓу садовите со керамичка облога и останатите садови кои, исто така, имаат нелеплива површина, е тоа што керамичката облога не содржи PFОА и е природен материјал кој не штети на здравјето и околината. Но, за жал, постојат и производители на керамички садови кои прават неквалитетни копии, користат материјали со слаб квалитет кои не гарантираат здраво готвење.
Делимано садовите се обложени со керамичката облога CERAMICA® изработена во Германија во реномираната фабрика WEILBURGER, додека садовите се дизајнирани и произведени во Италија.
Предностите на Делимано садовите се многубројни:
1. Храната подготвена во керамичките садови го задржува природниот сок, минералите и витамините, па поради тоа има изразен вкус,
2. Идеални се за здраво готвење со помалку маснотии,
3. Рамномерно ја распоредуваат топлината,
4. Штедат енергија,
5. Спречуваат лепење на храната на површината на садот,
6. Единствениот квалитет на облогата ви обезбедува едноставно чистење,
7. Тоа е природен материјал кој не е штетен за околината,
8. Отпорни се на гребаници и хемиска корозија,
9. Отпорни се на високи температури и термални шокови.
Делимано садовите можат да се користат на сите класични површини за готвење: плински уреди, класични електрични плочи и стаклено-керамички плочи. Посебно одбраната боја, високиот сјај и врвниот квалитет се знак за долгогодишно задоволство. Делимано садовите без сомнение ќе ве освојат и ќе го променат вашиот стил на готвење засекогаш!