Хранливи вредности на мајчината душичка:

Мајчината душичка е преполна со хранливи фито-материи кои го подобруваат здравјето, витамини и минерали, кои се есенцијални за општата благосостојба. Билката која е исклучително популарна во кулинарството потекнува од Јужна Европа и медитеранските региони.

Ботанички, припаѓа на фамилијата limiaceae, од родот thymus, во кој спаѓаат и повеќе подвидови, од кои најпопуларен е Thymus vulgaris или француска мајчина душичка. Растението е повеќегодишна грмушка со тенка дрвенеста основа и квадратни стебленца. Достигнува должина од 15 до 30 сантиметри и има многу мали, малку заоблени, ароматични листови со светла зелена боја од горната страна и малку побледа зелена боја од долната страна. Малите цветови со виолетова или бела боја и опоен мирис се појавуваат во лето.

Другите сорти кои се одгледуваат за кулинарски потреби се: лимонова мајчина душичка (T.x citriodora), кимова мајчина душичка (T. herba barona) и дива мајчина душичка (T. septyllum). За готвење се користат листовите или врвовите од цветовите, во свежа или сушена форма.

Здравствени придобивки од мајчината душичка:

  • Мајчината душичка содржи голем број активни принципи кои имаат превентивни и лековити својства.
  • Мајчината душичка содржи тимол, едно од важните есенцијални масла, за кои научно е докажано дека имаат антисептични и антигабични својства. Другите есенцијални масла што можат да се најдат во оваа билка се: карваколо, борнеол и гераниол.
  • Мајчината душичка содржи голем број флавоноидни фенолни антиоксиданси, како што се: зеаксантин, лутеин, пигенин, нарингенин, лутеолин и тимонин. Свежата мајчина душичка има една од најголемите концентрации на антиоксиданси во билниот свет, со тотален капацитет на апсорпција на окигенски радикали од 27.426 umol TE/100 грама.
  • Мајчината душичка содржи бројни витамини и минерали кои се клучни за доброто здравје. Листовите од оваа билка се еден од најбогатите извори на: калиум, железо, калциум, манган, магнезиум и селен. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим, супероксид дисмутас. Железото е неопходно за фомирањето на црвените крвни зрнца.
  • Билката исто така е богат извор на голем број важни витамини, како што се витаминит од Б-комплексот, бета-каротин, витамин А, витамин К, витамин Е, витамин Ц и фолна киселина.
  • Во мајчината душичка има 0,35 милиграми витамин Б6 или пиридоксин, што задоволува околу 27 проценти од препорачаната дневна доза. Пиридоксинот го одржува нивото на ГАБА (важен невротрансмитрер) во мозокот, што влијае на намалување на стресот.
  • Витаминот Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните, воспалителни, слободни радикали.
  • Витамин А е витамин кој се раствара во масти и антиоксиданс, кој е неопходен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата и е клучен за добриот вид. Конзумирањето храна природно богата со витамин А и бета-каротин му помага на телото во заштитата од рак на белите дробови и усната празнина.

Листовите од мајчина душичка имаат исклучителен профил на хранливи фито-материи. Во само 100 грама листови се содржани (во проценти од препорачаната дневна доза):

38% растителни влакна,
27% витамин Б6 (пиридоксин),
266% витамин Ц,
158% витамин А,
218% железо,
40% калциум,
40% магнезиум и
75% манган,
а не содржи холестерол.

Избор и складирање:

И свежите и сушените форми на оваа билка се достапни во продавниците. Секогаш кога сте во можност купувајте свежа мајчина душичка, затоа што има подобар квалитет и вкус. Свежите листови треба да имаат свело зелена боја и на нив да нема темни или пожолтени делови.

Свежата мајчина душичка треба да се чува во фрижидер, завиткана со малку навлажнета хартиена крпа. Сушената мајчина душичка може да се чува во добро затворен стаклен сад, на студено, темно и суво место, каде што може да остане свежа до 6 месеци.

Употреба во кујната:

Оваа билка им дава интензивен вкус на рецептите и треба да се додава умерено во јадењата. За да се зачуваат вкусот и мирисот, мајчината душичка обично се додава при крајот на рецептот, затоа што пролонгираното готвење резултира со испарување на есенцијалните масла.

Совети за приготвување:

  • Чајот од мајчина душичка е многу популарен пијалак.
  • Мајчината душичка се користи за приготвување на сезонски супи и сосови.
  • Мајчината душичка, заедно со други зачини, се користи за маринирање и полнење пилешко, риба и месо.
  • Мајчината душичка содржи голем број важни есенцијални масла, за кои е потврдено дека имаат антисептичко и антигабично дејство.
  • Правењето гаргара со млака вода со мајчина душичка или пиењето неколку голтки чај од мајчина душичка може да ги олесни симптомите на кашлица, болно грло или бронхитис.
  • Формулите на база на мајчина душичка се користат антисептична течност за испирање, во третманот на кариес и гингивитис.
  • Оваа билка е една од состојките во гарнир букетот, заедно со ловоров лист, магдонос и целер.

Медицинска употреба:

  • Мајчината душичка содржи голем број важни есенцијални масла, за кои е потврдено дека имаат антисептичко и антигабично дејство.
  • Правењето гаргара со млака вода со мајчина душичка или пиењето неколку голтки чај од мајчина душичка може да ги олесни симптомите на кашлица, болно грло или бронхитис.
  • Формулите на база на мајчина душичка се користат антисептична течност за испирање, во третманот на кариес и гингивитис.