Сварете ги јајцата и оставете ги да подоладат, па излупете ги и пресечете ги на половина по должина и внимателно извадете им ги жолчките.

Жолчките испасирајте ги со вилушка.
Перцата од кромидот и саламата многу ситно исечкајте ги и потоа додадете ги останатите состојки
и се измешајте заедно.
Со филот полнете ги јајцата и поклопете ги повторно во едно цело.
Откако убаво ќе ги поклопите рабовите, извалкајте го јајцето прво во брашно, па во разматеното јајце или белка и потоа во презла. Ако немате при рака презла, можи повторно во брашно.
Пржете ги на малку средна јачина од сите страни и пржени одложете ги врз хартиена салфетка.

Овде кај мене освен сликата со темна позадина, другите се сликани уште топли. Така ќе ги јадите во домашна атмосфера, а за подобар изглед и ефект (за гости) ќе ги послужите добро изладени и пресечени обратно од претходно, во ширина.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови