На подарок добивме убаво домашно пченкарно брашно и ред беше да се направи овој убав зимски ручек.
Ние навистина уживавме.
Во едно тенџере се налева водата и солта и се остава да зоврие.
Од кога ќе почне да врие, се трга на кратко од оган и во средината се истура пченкарното брашно, формирајќи врв.
На средината на врвот со помош на сукало правиме дупче и го ставаме на оган да врие на тивко 45 минути.
Потоа го тргаме од оган, доколку сметаме дека имаме повеќе водичка од што ни е потребно, ја истураме во една чашка и почнуваме енергично да го матиме качамакот, убаво да се соедини и да нема грутчиња.
По потреба додаваме од врелата вода која сме ја оставиле во чашката.
Додека се вари на тивко качамакот ние го подготвуваме свинското месо.
Во касерола ставаме масло и маст, го додаваме месото и пржиме се додека убаво не зарумени и не ја пушти својата маснотија.
Со намрсена лажица од месото каде сме пржеле, земаме од качамакот, редиме во земјен тајнир.
Одозгора го ставме испрженото месо, со маснотијата, ставаме и печена лута везена пиперка и дегустираме топол вкусен ручек со чаша црвено вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани