Од сите наведени состојки за тесто се замесува средно меко тесто.
Се остава на топло да го дуплира волуменот.
Потоа се кинат делчиња-топчиња и се обликоваат ѓевречиња, од целото тесто.
Се зоврива водата со медот и се намалува јачината на ринглата-да биде умерено.
Се спуштаат внатре ѓевречињата на кратко.
Се вадат со решеткаста лажица и се ставаат на платнена салфетка.И одма се ставаат во чинија со сусам, убаво да се облепат.
Се редат на намрсен плех.
Одозгора можи малку сол ситна да им се стави.
Се киснат 15-20 мин..
Се печат во загреана рерна на 200 степени додека добијат убава румена боја.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани