Испечати

Турска салата со пченица и ајвар

Турска салата со пченица и ајвар

Состојки

  • 200 гр пченица
  • 1 свежа краставица
  • 1 патлиџан
  • 1 лимон-сокот
  • 1 парче за декорација
  • 1 главица кромид
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 лажици доматно пире
  • по потреба ајвар

Подготовка

Благодарност до мојата пријателка Нина, за овој убав рецепт.
Пченицата се вари 10 минути со сол.
Да врие што би рекле клуч,а потоа се трга на страна и се поклопува со капак, се покрива убаво да се набабри,но не скрос да распука.
Кај мене распука :)))
Се лади и во неа се додаваат сецкани краставица, патлиџан и благо се промешува.
На страна се пржи блендираниот кромид многу малку. Се додава доматното пире и ајварот. Се промешува и се додава во салатата. Се зачинува со сол и црн бибер и се додава сок од лимон.

Забелешка
Салатата се користи веднаш, не се остава да отстои, затоа што пченицата знае да се скисне бргу.