Подготовка:
1. Леќата ставете ја во доста вода да кисни 2-3 часа. Исцедете ја.
2. Потоа ставете ја во блендер заедно со кромидот, доматната паста, лукот, магдоносот, ориганото, сол и бибер по вкус и блендирајте, додека не се создаде убава смеса.
3. Тавата во која ќе ги пржите намачкајте ја со малку масло и загрејте ја на не многу силна температура. Земајте по малку од смесата (отприлика од оваа смеса ќе направите дваесетина ќофтиња) формирајте ќофте и ставете го да се пржи, отприлика по 4 минути од страна.
4. Кога ќе ги служите пожелно е да има и некој млечен сос со нив, таратурот е идеален, а може и павлака, грчки јогурт или нешто слично.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови