Одлични, совршено вкусни, празнични колачиња по рецепт на Лана Мињон.
Подготовка
1. Изматете го убаво путерот со шеќерот, додајте ги жолчките, какаото и оревите и на крај изматените белки. Печете во плех од рерната пртекриен со хартија, на 180 степени околу 20 минути. Кога ќе се олади со ракиено чавче извадете кругови.
2. За кремот убаво изматете го путерот со шеќерот, остатокот од кората наквасете го со румот па додајте го во путерот заедно со мелените ореви.
3. Спојувајте две по две крукчиња со филот, измачкајте ги и по страните и извалкајте ги во мелените ореви.
Чоколадото стопете го со маслото и внимателно ставете врз секое колаче. Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови