Често, за ручек, подготвувам тестенини. Овие шпагети беа всушност шпагетини, многу тенки шпагети и решив да ги измешам со лесен и едноставен сос од домати, затоа што овој период доматите се превкусни.

Прво, пропржете ги кромидот и лукчето во тавче на маслиново масло. Додадете ги патлиџаните, зачинете со сол и бибер, малку лут буковец и покријте со капак. Оставете да се крчка кратко, околу 10 минути. За тоа време сварете ги шпагетите.
Сварените шпагети префрлете ги во тавчето со сосот. Убав измешајте и по желба додадете малку од водата во која се вареа шпагетите, ако сакате сосот да ви биде малку поредок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани