Шарена погача со крем сир, магдонос и спанаќ
Во топлото млеко ги ставаме шеќерот, квасецот и едно лажиче брашно. Оставаме да се активира
Потоа ги додаваме јајцето, солта, маслото, јогуртот и постепено од брашното. Замесуваме нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме да одмори 30 минути.
Потоа сукаме правоаголна долга кора. Ја премачкуваме со крем сир.
Врз него ги наросуваме магдоносот и сецканиот спанаќ.
Виткаме ролат. Го сечеме на парчиња со дебелина од 2 цм.
Ги редиме во круг во тава бр 24 во која има ставаено и хартија за печење.
Оставаме да кисне 15 минути, премачкуваме со јајце и печеме околу 25 минути во загреана рерна.
Ја вадиме на решетка да подизлади, па ја сервираме.
Јајцата беа мошне големи и го поделив како што напиашав. Може да се користат и цели помали јајца
Лиценца: Сите права се задржани