Чоколадни плазма бомбици (со 3 состојки)
Брз, лесен рецепт, овојпат направен од само 3 состојки по мој избор, за на крај да добијам превкусни бомбици кои се топат во уста.
Подготовка
1. Во касерола ги ставаме слатката павлака и чоколадото и на тивок оган ги растопуваме (без да зоврие слатката павлака).
2. Потоа оваа смеса ја ставаме во фрижидер потполно да олади. Се добива густина како класичен еурокрем. Во оваа смеса ги додаваме мелените плазма бисквити. Соединуваме.
3. Формираме бомбици од смесата (јас направив 20 бомбици од по 15 гр секоја). Формираните бомбици ги валкаме во плазма бисквити. Дел од нив јас валкав во мелени орео кекси, по желба на децата.
*Забелешка - Овој пат бомбиците ги направив со наведените состојки, но мој предлог за нареден пат е со додавање и на мелени јатки по избор (ореви, лешници, бадеми). Јас користев плазма бисквити, доколку користите друг тип на бисквити, тогаш додавајте ги постепено, можно е да варира нивната количина во тој случај.
Јас користев млечно чоколадо, блажината е идеална, но доколку се одлучите да употребите чоколадо за готвење, во тој случај ако не ви е доволно блага смесата, додадете шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани