Мали чоко­ладни кифлички одли­чен десерт за кое било време од денот....

Од брашното,шеќерот,квасецот,солта,малсото,млаката вода и млакото млеко замесете тесто.Тестето оставете го да стаса 1 час.Откако ќе стаса тестото делете го на 5 еднакви делови и од секој дел расучете кора од 5мм и делете ја на 16 делови.На секој крај од деловите ставете по 1 кафено лажиче крем.Секој дел завиткајте го во форма на кроасан. Кифличките ставете ги во поголем плех за печење кој претходно сте го премачкале со маргарин. Откако ќе ги наредете сите оставете да стасаат уште 20 мин во топла просторија. Стасаните кифлички премачкајте ги со изматеното јајце и накапете ги со претходно растопениот маргарин па посипете ги со сусам.Печете на температура од 200С додека да добијата златно кафеава боја.Послужете ги додека се топли. Добар Апетит...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани