Чоколаден леб кој не е преблаг, во комбинација со мармалад или путер од кикиритки е одлична идеја за појадок.

Подготовка:

1. Изренданата тиквица ја ставаме во цедалка да се исцеди и со рака ја стегаме да се исцеди вишокот вода.
2. Во длабок сад ги ставаме сувите состојки - овесното брашно, какаото, густинот, прашокот за пециво и содата бикарбона. Мешаме со лажица.
3. Во друг длабок сад ја ставаме бананата, ја пасираме со виљушка. Во садот ги додаваме кокосовото масло и медот. Мешаме со лажица. Ги додаваме млекото, аромата од ванила и јаболковиот оцет. Во течните состојки ја додаваме исцедената рендана тиквица. Промешуваме. Постепено ги додаваме сувите состојки, мешаме да се соединат состојките. Смесата ја ставаме во долг калап за леб, обложен со хартија за печење.
4. Печиме во загреана рерна на 180 степени, околу 50 минути, зависно од рерната.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани