20
апр
2021
Чоколаден колач-Islak kek
1. Во сад ги ставаме јајцата и шеќрот и матиме 6-7 минути. Потоа додаваме млеко, масло, ванила, какао. Убаво смесата ја соединуваме. Од оваа смеса одделуваме 1 чаша на страна.
2. Во остатокот на сместа ставаме брашно, пециво, орев, Смесата ја истураме во мала правоаголна намастена тава. Печеме околу 25 минути. Оставме да се излади, па сечеме на парчиња
3. На тивок оган ги соединуваме слатката павлака и чоколадото, па ја истураме смесата која ја одделивме во чашата, соединуваме убаво, па го прелеваме колачот. После 30 минути, сервираме со поладневно кафе.
*користена е чаша од 200мл
Лиценца: Сите права се задржани
sakam vakvi desertcinja