Подготовка

Основа
1. За основата ги обработуваме кокосовиот чипс, овесните снегулки и прстрофат сол во процесор. Кога е убаво иситнето, додаваме 6-7 урми и 2-3 лажици таан. Јас додадов и 1 лажица маџун од урми како засладувач, но не е задолжително. Кога ќе се изедначи смесата, се додава во калап за чизкејк (18-20цм) и убаво си притиска и се израмнува.

Фил
2. Индиските ореви омекнати во вода (преку ноќ или најмалку 4 часа) ги додаваме во блендер со 1 чаша кокосово млеко, пола чаша таан, пола чаша јаворов сируп, пола чаша кокосов крем, лимонов сок, ванила арома, кокосово масло и прстофат сол. Блендаме трпеливо, додека смесата не стане целосно мазна. Ја додаваме смесата во калапот и оставаме во фрижидер преку ноќ.

Сусам плочки
3. За сусам плочките додаваме 3 лажици јаворов сируп, 3 лажици вода и пола чаша шеќер на оган. Загреваме додека шеќерот целосно не се растопи. Додаваме третина чаша сусам, мешаме убаво и готвиме уште кратко (5-6 минути). Ја истураме смесата врз силиконска подлога (или хартија за печење). Оставаме да се стегне најмалку половина час пред да ја искршиме смесата на парчиња.

Карамел
4. За карамелот едноставно мешаме убаво 3 лажици таан со 4 лажици јаворов сируп и прстофат сол.

*користев чаша од 250мл
*кокосовото млеко, крем и масло треба да се отстојани во фрижидер преку ноќ пред употреба
*наместо коскосов крем може да се додаде веган/соја јогурт или доколку не ви е важно да биде веган - кисела павлака
*јас користев кокосов чипс со вкус на солена карамела, бидејќи таков имав дома што мислам дека беше полн погодок
*за послужување освен сусам плочки и карамел јас користев и изматен кокосов крем

Многу лесен за подготовка и превкусен рецепт, вреди да се проба. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани