Црна ружа
Неверојатно декоративен и вкусен десерт е мојот денешен предлог. Бара време и трпение за подготвка, но, секоја потрошена минута е оправдана.
Подготовка:
1. Во поголем сад ставете брашно, шеќер, прашок за пециво, сол, млеко, јајце, омекнат путер и замесете мазно тесто. Оставете го тестото да стои околу 10 минути, а потоа поделете го на шест еднакви делови.
2. На набрашнета површина, расукајте две парчиња тесто, со големина од 25x35 см, ставете ги на хартија за печење и печете одделно, на долната страна на плехот за печење (30х40 см). Печете ги корите околу 20 минути, на 180°C или додека не добијат убава светло златна боја. Оставете печените кори да се изладат добро. Расукајте ги преостанатите 4 парчиња тесто со големина 35х20 см.
3. Мелениот афион, ставете го во сад и додадете шеќер, лимонов шеќер, брашно, прашок за пециво, стопен путер, топло млеко и добро измешајте со електричен миксер. Веднаш поделете ја добиената мешавина рамномерно, преку расученото тесто и намачкајте го на тестото со лажица. Секој премачкан дел од тестото завиткајте го во ролна.
4. Тавата (35х20 см) премачкајте ја со путер, посипете со брашно и ставете ја ролната една до друга. Печете на 170°C, 30-35 минути или додека не добијат убава златно жолта боја. Извадете ги печените ролни од калапот и оставете ги да се оладат. Ставете една испечена кора на дното од тавата (35х20 см), и доколку е потребно, малку скратете ги нејзините рабови така што кората да се вклопи на дното.
5. Измешајте ги пудинзите со шеќер, 150 мл ладно млеко, а остатокот од млекото ставете го на оган. Кога млекото ќе зоврие, додадете го изматениот пудинг и варете го уште 1-2 минути со постојано мешање. Тргнете го од оган, додадете го путерот и промешајте додека не се стопи целосно.
Истурете половина од пудингот преку кората во тавата, ставете ги испечените ролати врз пудингот, прелијте го со остатокот од пудингот и покријте го со преостанатата кора. Оставете да се излади и оставете во фрижидер најмалку 1-2 часа.
Потоа внимателно исечете го колачот на совршени парчиња и послужете
Лиценца: Сите права се задржани