Фруктал сок
Ги сакам домашните сокови. Најмногу ги сакам пресно цедените,но некогаш знам и да направам повеќе количински па да ги соберам во шишиња. Не сакам многу шеќери да додавам,но еве иде некогаш и таков рецепт, па за проба, ќе вкусам и така. Овој сок беше во тефтерот на мајка ми. Ќе го споделам и тука. За тој што сака благо, мислам дека сокот ќе биде добар, но јас го разматував. Течноста треба севкупно да биде 10 литри. Јас си направив малку измени, но ќе пишам и како е оргиналот.
1. Го измив, исецкав и пуштив овошјето во соковник, па ја измерив течноста. Додадов вода да дојде до 10 литри. (шмркнав една чаша свеж сок :)
2. Додадов 1 кг шеќер и оставив да зоврие .Зовриениот сок го собрав во претходно измиени и суви шишиња и добро го затворив.
Сокот е одличен.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови