Француска супа со кромид - French Onion Soup
Француската прочуена супа со кромид, не ја правам често - но кога ја правам морам во двојни состојки, моите сите ја сакаат.
Постапка
1. Кромидот исечете го на многу тенки резанци. Во касеролата загрејто го путерот заедно со зејтинот, додадете го кромидот, пржете на сосема тивок оган за да не ви загори. Кога ќе омекне додадете му ги солта и шеќерот и продолжете на тивко да го пржите (околу 30-40 мин) се додека не потемне кромидот и не се карамелизира. Кога е веќе карамелизиран додадете го брашното и нека се кратко заедно пропржи, потоа сецканиот лук - пропржете сега се заедно некоја минутка. Додадете го виното и нека крчка додека да испари алкохолот, додадете го веќе готовиот буљон, сол, бибер, мачината душичка и нека се тивко вари околу 45 мин. Не треба да се многу згусти, но не и да е ретка.
2. Додека да се вари кромидот, вие исечете парчиња леб на коцки, писипете врз нив мешавина од маслинов зејтин и пресуван лук. Измешајте ги и ставете во тавче послано со хартија за печење - потпечете ги да станат румени.(слично како нафората)
3. Сварена супата ставете ја во длабоки чинии кои ке ја поднесат температурата во рерната, врз неа посипете од веке готовите крутони- врз нив ставете парче кашкавал. Ставете ги во веќе загреаната рерна веднаш под греачите - потребно е да се стопи само кашкавалот.
4. Кога веќе се стопил кашкавалот - извадете ги чиниите и послужете.
Бон Апетит! (не знам на француски да ви напишам ама баш ништо)
Напомена
-Доколку го немате кашкавалот, слободно го заменете со друг - Гоуда, Ементал, Грана Панада....со пиакнтното Пекорино.
- Има рецепти со бело и црвено вино, јас користев бело.
- Доколку не сакате да ризикувате да чиниите ги ставате во рерна, тогаш еве еден мал совет - крутоните измешајте ги со рендан кашкавал, за зејтинот и лукот веке знаете, направете купчиња од прилика големи колку што се и отворите на порцијата, ставете ги на хартија за печење и нека се во рерна малку потпелат колку да се стопи кашкавалот, извадете ги и нека оладат. Внимателно ги пренесете врз чорбата која се служи баш топла - врз нив ставете повторно тенко парче кашкавал. Тој од топлината ке се стопи и со тоа веке сте ја завршиле работата, земајте лажицата и м.м.м.м.. супер е,
- Бидејки немав доволно од црвениот кромид, ставив и бел - мешавина..
Лиценца: Сите права се задржани