Сите состојки ги ставаме во една здела и со дрвена лажица мешаме убаво неколку минути. Потоа го домесуваме тестото на работната потвршина без да додаваме многу брашно бидејки тестото треба да е меко. Се покрива и се остава да стаса.
Стасаното тесто го растегнуваме во подмачкан плех бр.30.
Врз фокачата сипуваме 3 лажици маслинов зејтин и убаво го размачкуваме насекаде со лажица или четка.
На фокачата се прават насекаде дупчиња. Вака фокачата стои 15 минути.
За филот се меша павлаката, сирењето и ситно сеченото лукче.
Во секоја дупка се става по малку од филот. Одозгора се поросува со крупна сол, малку оригано и буковец.
Ја оставаме пак да одстои 20 минути.Се пече на 170 степени околу 25 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови