Увијачи со мартадела
Брзо се подготвуваат и не бараат дополнителни зачини. Месото е веќе саламурено, а мартаделата си има посебен вкус и како комбинација се добива прекрасно парче.
Месото се сече на потенки парчиња кои се чукаат во најлонска фолија до дебелина од 5мм.
Се зема едно парче се премачкува со малку зејтин, па се става парче мартадела, над него кашкавал и се заролува. Од двете страни се затвара со чепкалки или со готварски конец.
Подготвените увијачи се редат во загреана тава и се пржат. Јас ги подготвив во елек тава и одлично испаднаа.
Во ролувањето може да се додадат и печурки по желба но кај нас прилогот беше сос од печурки.
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B2-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D1%83%D1%80%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B5/
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
navistina ubavo si ruckavme a za ovie uvijaci imav i pomos a i idejata bese na mojata Niki.