Турски леб со млеко
Обожавам да правам домашен леб во секакви форми, еднаш до два пати неделно сигурно правам леб. Ова турско лепче е превкусно, ем декоративно, ем убаво. Може да го користите и како замена за фурнаринки, ние така го изедовме, без ништо
Квасецот растворете го во водата со шеќерот и замесете меко и мазно тесто од сите состојки, прво можи да користите миксер, па да го доработите тестото со рака.
Ставете го во подлабок сад премачкан со масло, премачкајте го и тестото со масло и покриете го со најлонска фолија да отстои и да нарасти 1 час.
Откако ќе нарасти убаво, извадете го од садот и нежно премесете го и оформете топка. Со помош на сукало раширете го во овална форма и префлете го во подмачканиот плех во кој ќе печете, може и на хартија за печење. Покријте го со најлон фолија и оставете го уште 20 минути.
После тоа, премачкајте го со жолчка, наросете сусам и малку сол, направете шари со помош на вилушка и ставете да се пече на 200 степени околу 15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови