8
окт
2022
Тропска грмотевица ( смути со тропско овошје )
Без алкохолно смути, освежително и вкусно.
Исчистете и излупете го овошјето, исецкајте го на коцки и ставете го посебни кесички.
Ставете нека се замрзне. Кога е замрзнато вадете од ладилник, ставајте во нутрибулетот, додајте ванила и вода.
Ако сакате газирано, ставете сода вода.
Пуштете да се соединат состојките и полнете ги чашите.
Ако имате сос од тропско овошје, попрскајте ги зидовите на чашите.
Префрлете го смутито во чашата, па затворете ја со парче ананас.
Служете така ладно.
Нека ви е слатко.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови