
28
мар
2012
Тостерки со млеко
Јајцата и шеќерот се матат во подлабок сад додека шеќерот не се растопи.
Се додаваат млекото, маслото, брашното, кесичките со ванилин шеќер и пецивото. Продолжуваме да матиме со миксер додека состојките не се изедначат.
Од смесата црпиме со лажиче и ставаме на загреан, малку со масло подмачкан тостер, поклопуваме со горниот дел од тостерот и оставаме да се печат 1 - 2 минути.
Откако малку ќе заруменат ги вадиме и постапката ја повторуваме со останатато тесто.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови