Тортиљи од црвена леќа (само од две состојки)
Тортиљи, лепче направено само од две состојки, а готово за 15 минути. Овие тортиљи од црвена леќа лесно се прават, без глутенски се, високо протеински и се прекрасни.
Подготовка:
1. Црвената леќа ставете ја во посилен блендер, јас во Нутри булетот, и блeндирајте ја петнаесетина секунди додека не се стори брашно.
2. Во брашното ставете ја водата (може да ставите и некој зачин по ваш вкус, јас ставив малку сол, бибер и италијански зачин) промешајте и оставете ја неколку минути да ја впие водата.
3. Загрејте нелеплива тава на средна температура и ставајте од тестото (иста постапка како за американски палачинки). Печете по две минути од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови